еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Укинат притворот на осомничените за упадот во М-НАВ

Укинат е притворот за шест осомничен лица за упадот во државното акционерско друштво Македонска навигација (М-НАВ), информираа од Основниот кривичен суд Скопје.

-Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до судии на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, денеска доставил предлози за укинување на мерките за обезбедување присуство, односно мерките притвор и куќен притвор, за 6 лица осомничени за кривичното дело Загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај од чл. 303 ст. 2 вв со чл. 22, а поврзани со случувањата од 4 – ти јануари во М-НАВ, и определување на мерки за претпазливост, велат од Судот.

Од таму појаснуваат дека постапувајќи по предлогот на јавниот обвинител, а ценејќи ги приложените факти, судиите на претходна постапка, го прифатија предлогот на јавниот обвинител и донесоа решенија со кои за А.О., Р.Б. и Љ.Ќ. ја укинаа мерката куќен притвор, додека за С.Ш., О.А. и Е.С. ја укинаа мерката притвор и им определија мерки за претпазливост од чл. 146 ст.1 т.1,2.3 и 6 односно, Забрана за напуштање на живеалиштето односно престојувалиштето, Одземање на патна исправа и забрана за издавање нова, Обврска обвинетиот да се јавува во судот и Забрана за приближување или воспоставување врска со одредени лица.

Против овие решенија, се наведува во соопштението, странките имаат право на жалба до Кривичниот совет на овој суд.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нема да има недостиг на масло за јадење, има доволно залиха и производство, велат од „Витаминка“

Редакција

„Леб и сол“ ќе добијат Орден за заслуги од претседателот Пендаровски

Редакција

Ахмети ќе дава исказ пред Специјалното обвинителство за Косово

Редакција