еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Нема да има недостиг на масло за јадење, има доволно залиха и производство, велат од „Витаминка“

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска ја посети фабриката за производство на масло за јадење „Брилијант“ во Штип и направи увид како се спроведуваат одлуките кои што ги донесе Владата по предлог на Министерството за економија за заштита на домашното производство на основни прехранбени производи.

„Домашните капацитети за производство на оснивни прехранбени производи се ставени во полн капацитет, а мерките кои што беа донесени од Владата имаат за цел да се избегнат ценовните шокови и да се заштитат граѓаните. Има доволно количини на основни прехранбени производи од домашно производство,“ рече Бектеши.

Министерот информираше дека и денеска до крај на денот се очекува и намалување на цената на нафтените деривати, кое се очекува да продолжи и во текот на наредната недела.

„Ги повикувам сите компании и сите чинители во државата да се солидаризираат и заеднички придонесат да ја пребродиме оваа глобална криза со најмали штети врз граѓаните и врз економијата“, кажа министерот Бектеши.

Од менаџментот на „Брилијант“ потенцираа дека ги следат одлуките кои што ги носи Министерството за економија и најтранспарентно ги спроведуваат.

„Нема да има недостиг на масло за јадење, има доволно залиха и производство. Нема потреба од паника кај граѓаните да купуваат големи количини.

Ние како производител на масло за јадење ги следиме и најтранспарентно ги спроведуваме одлуките на Министерството за економија“ кажа Сашо Наумовски, генерален директор на „Витаминка“ во чија сопственост е фабриката за производство на масло за јадење „Брилијант“.

Фото: МЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Пендаровски со сопругата Ѓоргиевска учествуваа на Парадата на гордоста: „Почит кон различностите“

Редакција

Вархеји давал паралелни пробугарски предлози за решавање на спорот со Бугарија, откри Димитров

Редакција

Филипче до Пендаровски: Сликите од Србија не се срам, тоа е одраз на солидарност во услови на криза

Редакција