еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Пановски: Од „Фајзер“ има 1,5 смртен случај на 100.000, а од „АстраЗенека“ еден случај на 100.000

Проблемот со стопирањето на вакцинацијата со вакцината на „АстраЗенека“ е смешен во однос на употребата на токсични дози антибиотици кај нас, смета микробиологот проф. д-р Никола Пановски, пишува Слободен печат.

Според него сосема очекувани биле нападите за вакцината на оваа компанија оти е единствена што не работи со профит.

“Оваа вакцина чини 4,5 долари, тоа е десет – единаесет пати помалку од останатите што се нудат и кај нас. Компанијата работи без профит и вакви напади се логични. Зошто граѓаните не се загрижат за смртноста од вакцината на „Фајзер“ на пример? Зошто нема врева за оваа вакцина? ж

Смртноста од „Фајзер“ е поголема од смртноста од „АстраЗенека“. Од „Фајзер“ има 1,5 смртен случај на 100.000, а од „АстраЗенека“ еден случај на 100.000“, вели за Слободен печат, Пановски.

Тој објаснува дека вакви забрани може да си дозволат земји кои имаат голем избор на вакцини.

“Лесно е Канада, која има резервирано 35 пати повеќе вакцини отколку што и е потребно, да става вакви ограничувања. Имаат избор и можат, колку и да звучи грубо, да понудат поголема заштита на помладото население.

И тоа што сега има само помлади лица кај кои се појавиле негативни ефекти не значи дека ќе ги нема и кај повозрасните. До пред извесен период со оваа вакцина се вакцинираа само лица до 65 години“, смета микробиологот Пановски.

Според него невозможно е кај лицата до 60 години да има опасност од згрутчување на крвта, а кај повозрасните, кои имаат и полошо здравје, да нема таква опасност. И ова, единствено објаснување е водење поголема грижа за помладата популација.

Лицата кои примиле една доза од вакцината на „АстраЗенека“ во Србија, Пановски вели дека не треба да се грижат дури и во случај да не можат да примат втора доза од истата вакцина. Освен тоа што и една доза дава имунитет, Пановски вели дека не би требало да се појави проблем доколку примат втора доза од друг производител.

За нив советува да ги прочитаат искуствата на Британците со оваа вакцина кои и покрај масовната вакцинација регистрираат сосема мали негативни ефекти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Досега од вакцината на „АстраЗенека“ се дадени над 15 милиони дози, голем дел од европските држави продолжуваат со вакцинација

Филипче со дообјаснува на „Фејсбук“ за вакцината „АстраЗенека“: Нема простор за паника за граѓаните што се вакцинираа во Србија

28-годишна девојка се лекува на Клиника поради згрутчување на крвта по примена вакцина на „АстраЗенека“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Прекинат штрајкот, се нормализира железничкиот сообраќај

Редакција

Македонка по 20 години „битка“ го победи ПИОМ кој и ги зел пензиите поради лоша евиденција

Редакција

За кои пратеници до сега се бараше одземање на пратеничкиот имунитет

Редакција