еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Арсовска не е повеќе претседател на ЗЕЛС, на нејзино место e избран градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓоргиевски

Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на скопската Општина Кисела Вода е новиот претседател на Заедницата на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС).

Вака одлучи мнозинството на членови на Управниот одбор на ЗЕЛС на денешната седница.

„Потпретседателите на ЗЕЛС, Висар Ганиу, градоначалник на Општина Чаир и Перо Костадинов, градоначалник на Општина Валандово, остануваат на истата позиција, а досегашната претседателка на ЗЕЛС, Данела Арсовска, градоначалничка на Град Скопје продолжува со активностите во ова тело, како член на Управниот одбор.

Всушност и според Статутот на ЗЕЛС, градоначалникот на Град Скопје по функција е член на Управниот одбор на ЗЕЛС.

На оваа седница, Управниот одбор донесе заклучок за упатување на итно барање до Владата за одржување на заедничка средба на која главна тема на разговорот ќе биде изнаоѓање на соодветни решенија за предизвиците со кои се соочуваат единиците на локалната самоуправа, поврзани со енергетска криза.

Беше нагласено дека општините се доведени во колапс од високите сметки за електрична енергија и дека ваквата состојба најголемиот број на општини не би можеле да ја издржат ниту уште еден месец,“ се вели во соопштението.

На 14 седница, Управниот одбор дискутирал и за предлог Меморандумот за соработка со Владата, кој веќе една година беше на разгледување од централната власт.

Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Потпреседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Николовски нема да му плати 500 евра на Вице Заев за клевета

Редакција

Убава вест: 84 оздравени пациенти од Ковид-19

Редакција

Драматичен раст: Бројот на починати од коронавирусот во Кина порасна на 170, над 7.700 заразени

Редакција