еМагазин
Image default
Бизнис

УНИ Банка со добивка во првиот квартал

Остварените вкупни приходи од работење во првиот квартал од 2023 година на УНИ Банка АД Скопје изнесуваат 491.2 милиони денари и во однос на истиот период од минатата година бележат зголемување од 12.6%, соопшти Банката преку Македонската берза.

-Најголем придонес во остварувањето на позитивен финансиски резултат во износ од 132.1 милиони денари имаат приходите од камати како најзначаен елемент на банкарските приходи.

Имено, во структурата на вкупните приходи (приходи од камати, приходи од провизии и надомести, нето-приходи/расходи од курсни разлики и останати приходи од дејноста), најголемо учество од 65.2% имаат приходи од камати, кои во споредба со истиот период  од 2022 година се зголемени за 20.3%, а анализата на секторската структура на приходите од камати покажува поголема ориентација на Банката кон кредитирање на секторот население.

Во вкупните приходи од дејноста на Банката, треба да се истакне порастот на приходите од провизии од 7.4%, како резултат на растечкиот тренд на дигитализација во користењето на банкарските услуги и продукти и привлекувањето на нови клиенти корисници на наведените услуги.

Остварените расходи во првиот квартал од 2023 година изнесуваат 359.1 милиони денари и бележат намалување од 8.4% во однос на истиот период од 2022 година. Намалувањето на расходите се должи пред се на намалување на административните расходи и на помалиот износ на издвоени средства за зајакнување на резервациите по кредити, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Константин Илијчов Арнаудов избран за член на Надзорниот одбор на УНИ Банка

УНИ Банка ќе дели дивиденда од 282,9 денари бруто по акција

Кои се најголемите акционери во УНИ Банка

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дирекцијата за заштита и спасување вработува 12 државни службеници, плата до 29.690 денари

Редакција

Пропадна и новиот тендер на „ЕВН Хоум“, ЕСМ повторно не достави понуда

Редакција

За летување во Црна Гора нема да ви треба тест, ако заболете од Ковид-19 државата го презема лекувањето

Редакција