еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Пропадна и новиот тендер на „ЕВН Хоум“, ЕСМ повторно не достави понуда

Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) АД соопшти дека не доставиле понуда до универзалниот снабдувач ЕВН Хоум, затоа што одлуката од Владата во однос на препорачаната цена и количините на струја била за шест месеци, а тендерот на ЕВН Хоум е за 12-месечен период.

– Одлуката од Владата на Република Северна Македонија во однос на препорачаната цена и количини на електрична енергија со кои АД ЕСМ треба да се јави на тендерот на ЕВН Хоум за 2022 година се однесуваат на 6-месечен период, додека актуелниот тендер на ЕВН Хоум е распишан за 12-месечен период.

Од тие причини, АД ЕСМ денеска не поднесе понуда, стои во соопштението од ЕСМ.

Оттаму посочуваат дека ќе се јават на следниот тендер на универзалниот снабдувач, кој треба да биде за периодот јануари-јуни 2022 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Поскапувањето на струјата нема да биде над 10%, неизвесно дали преку ден ќе има евтина тарифа

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МВР секој ден регистрира лица кои не ја почитуваат мерката за изолација, ќе одат ли во карантин?

Редакција

Вкупно 354 заболени од корона вирусот: Потврдени нови 25 случаи, по седум во Скопје и Куманово

Редакција

(Видео)„Жолтите елеци“ се обидуваат да влезaт во зградата на Европскиот парламент во Брисел

Редакција