еМагазин
Image default
Бизнис

Велешки Кристал 1923 во првиот квартал со загуба

Во првите три месеци од годинава Кристал 1923 АД Велес оствари загуба во износ од 22.657 илјади денари, додека во истиот период од претходната година имаше добивка во износ од 18.025 илјади денари, соопшти Друштвото преку Македонската берза.

-Во 2023 година во првите три месеци се остварени вкупни приходи во износ од 238.149 илјади денари и во однос на лани за истиот период се зголемени за 17%.

Поголем дел од приходите се од домашен пазар. Приходите од странски пазар во однос на претходната година се зголемени за 90%.

Расходите за трите месеци оваа година изнесуваат 260.806 илјади денари и во однос на претходната година се зголемени за 40%.

Од финансискиот извештај може да заклучиме дека приходите во однос на трошоците се намалени за 23%. Поради тоа искажуваме загуба во првото тромесечие во 2023 година, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Велешки Кристал 1923 лани со зголемена добивка

Кристал 1923 со намалена добивка во првите девет месеци

Фабриката за масло „Кристал 1923“ од Велес ќе го откупи вкупното производство на сончоглед во земјава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Никој не ги купи 25. акции на Топлификација во ТЕ-ТО

Редакција

„Виз ер“ со нова чет-бот услуга: За детали за летот може да разговарате на месинџер на Фејсбук, со виртуелниот асистент Амелија

Редакција

Фершпед ќе исплаќа дивиденда од 550 денари бруто по акција

Редакција