Надзорниот одбор (НО) на Комерцијална банка АД Скопје минатата година функционираше во состав од седум члена – Сава Димитрова, независен член и претседател, Таки Фити, заменик-претседател, Горан Антевски, член, Сашо Наумоски, член, Александра Максимовска Стојкова, независен член, Ванчо Чифлиганец, член и Фатмир Етеми, член, стои во годишниот извештај на Банката за минатата година, објавен на Македонската берза.
Банката во годишниот извештај ги објави примањата на членовите на НО:
-Членовите Сава Димитрова и Александра Максимовска Стојкова се независни членови на Одборот. При изборот на независните членови во целост се испочитувани критериумите за независност утврдени со Законот за банките.
Независните членови и со нив поврзаните физички лица, не се вработени ниту се лица со посебни права и одговорности во Банката, не се акционери со квалификувано учество во Банката, ниту застапуваат акционер со квалификувано учество во Банката, не работат, односно во последните три години не работеле во друштво за ревизија кое во тој период вршело ревизија на работењето на Банката и во последните три години немале материјален интерес или деловен однос со Банката во вредност која просечно надминува 3.000.000 денари, стои во извештајот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е најголем акционер во Комерцијална банка
Комерцијална банка ќе дели дивиденда од 500 денари по акција
Колку пари чувале лани граѓаните и фирмите во Комерцијална банка