еМагазин
Image default
Бизнис

Централна кооперативна банка лани со добивка

Централна кооперативна банка во 2022 година оствари добивка од 38,1 милиони денари, што е за 37,7% подобар финансиски резултат во однос на претходната 2021 година, информираат од Банката преку Македонската берза.      

-Заклучно со крајот на 2022 година, евидентиран е пораст на кредити на и побарувања од други комитенти за 1,58% во однос на крајот на годината, при што планот е исполнет со 95,1%. Порастот во најголем дел е остварен при одобрување кредити на физички лица.

Паричните средства и парични еквиваленти се намалени за 12,52% и пониски од  планот за 9,24%. Позицијата вложувања во хартии од вредност е пониска во однос на крајот на  претходната година за 11,7% и пониска од планот за 21,9%.

Позицијата останати побарувања бележи пораст од 11,69% во однос на крајот од минатата година и во однос на планот за 11,3%. Оваа позиција во Билансот на состојба е со висок износ како резултат на евидентираната авансна исплата на пензиите на крајот од месецот.

Позициите нематеријални средства и недвижности и опрема бележат пад во однос на крајот на минатата година, кој се должи на континуираната амортизација на овие средства, а помало влијание имаат вложувањата во основни средства.

На 31 декември 2022 година, билансната вредност на издадените конвертибилни обврзници бележи пад во однос на крајот на минатата година како резултат на исплатената камата во текот на март 2022 година. Вредноста на издадените конвертибилни обврзници е искажана во позицијата субординирани обврски.

Позицијата депозити на други коминтенти бележи опаѓање во однос на крајот од годината од 3%, но и во однос на планот за 8,8%, што се должи на растечката инфлација во економијата и повлекување на дел од депозитната база од банките.

Намалувањето на изворите на средства доведе до намалување на расходите за камати за 9,6% до крајот на 2022 година во однос на истиот период минатата година. Остварените расходи за камати во известувачкиот период се пониски за 10.2% во однос на планираните.

Во услови на висока конкуренција и долгорочен пазарен тренд на пад на вкупниот каматен пондер кај кредитите, Банката оствари пониски вкупни приходи од камати за 1.5% во споредба со истиот период минатата година. Притоа, Банката успева да го одржи стабилно портфолиото на постоечки кредити и да го задржи високиот квалитет на истото.

Растечката економска криза и инфлаторните трендови влијаеја врз пазарот на капиталот и соодветно врз политиките на регулаторот и се чини дека веќе се создадени услови за прекин на континуираниот и долгогодишен тренд на намалување на активните каматни стапки на ниво на банкарски сектор.

Првичните ефекти од ваквата промена на трендот, ќе се почувствуваат веќе кон почетокот на следната година. Во услови на силна конкурентска борба во текот на годината и одржувањето на висока конкурентност кај продуктната понуда на Банката, забележан е повисок нето-каматен приход во однос на истот период претходната година од 1,7% и како резултат на значајно намалените расходи од камати.

Со крајот на 2022 година, забележан е пораст на приходите од провизии за 9,9% во однос на истиот период минатата година и надминување на планот. Тој пораст придонесе кон пораст на позицијата нето-приходи од провизии и надомести за 16,7%, во однос на истиот период претходната година, додека планот е надминат за 1,6%.

Позицијата трошоци за вработените, во однос на истиот период претходната година бележи незначителен пораст. Оваа позиција отстапува во однос на планот, бидејќи планираните дополнителни вработувања се одложени за следен период.

Позицијата останати расходи од дејноста бележи пораст од 6.11% во однос на истиот период минатата година, додека во однос на планот, остварени се незначителни повисоки останати расходи од дејноста за 2%.

Останатите приходи од дејноста се на исто ниво како претходната 2021 година, но пониски во однос на планираните за 21,2% што се должи на нереализиран приход од дивиденда.

Со крајот на 2022 година, реализирани се повисоки нето–приходи од курсни разлики за 4,5% во однос на истиот период минатата година.

Расходите за амортизација бележат пад од 4,6% во однос на истиот период минатата година и 6,3% во однос на планираните, како резултат на одложени набавки на основни средства.

Со 31 декември 2022 година, евидентно е намалувањето на издвоените резервации за кредитните изложености, при што е издвоена исправка на вредноста на финансиските средства и посебна резерва за вонбилансната изложеност, на нето-основа во износ од 6,4 милиони денари, односно забележано е подобрување на оваа позиција за 2,6 милиони денари во однос на истиот период минатата година, велат од Банката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Централна кооперативна банка со зголемена добивка во првите шест месеци

Централна кооперативна банка во првите три месеци со добивка

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Азески до европските лидери: На балканскиот бизнис му е преку глава да биде понижуван, условуван и одложуван

Редакција

Државата наплатува само 8,2 милиони евра годишно за експлоатација на минералните суровини

Редакција

Кои се општините кои склучиле најголем број на јавни набавки и колку тоа ги чинело граѓаните

Редакција