еМагазин
Image default
Бизнис

Централна кооперативна банка со зголемена добивка во првите шест месеци

Заклучно со 30 јуни 2022 година, Централна кооперативна банка АД Скопје оствари добивка од 17,8 милиони денари, којашто е значајно подобра во однос на истиот период минатата година, информираат од Банката преку Македонската берза.

„Работењето на ЦКБ Банка во првото полугодие од 2022 година се одвива во услови на благо закрепнување на економијата од последиците на здравствената криза во претходната година.

Извесната релаксација во деловниот амбиент која настапи по масовната имунизација на населението и укинувањето на рестриктивните здравствени мерки, е повторно загрозена од појавата на нови бранови на пандемијата Ковид–19 и со растечките геополитички ризици и ескалирачките воени дејства во Украина.

Европа се соочува со енергетска, безбедносна и бегалско-хуманитарна криза, на која се надоврзува опасноста од недостиг на храна. Растечката инфлација и воената тензија најавуваат забавен раст на економиите во Европа, а забавувањето на германската економија, како наш најголем трговски партнер, означува неповолности врз растот на македонската економија.

Во вакви околности, забележан е пад на вкупната актива/пасива од 3,14% и остварување на поставениот план од 94,3%.

Во првото полугодие од 2022 година, евидентиран е пораст на кредити на и побарувања од други комитенти за 0,9% во однос на крајот на годината, при што планот е исполнет со 97,3%. Порастот во најголем дел е остварен при одобрување кредити на физички лица.

Паричните средства и парични еквиваленти се намалени за 12,9% и пониски од планот за 7,8%. Позицијата вложувања во хартии од вредност е пониска во однос на крајот на претходната година за 12,3% и пониска од планот за 19,3%.

Позицијата останати побарувањабележи пораст од 2,2% во однос на крајот од минатата година и во однос на планот за 2%. Оваа позиција во Билансот на состојба е со висок износ како резултат на евидентираната авансна исплата на пензиите на крајот од месецот.

Позициите нематеријални средства и недвижности и опрема бележат пад во однос на крајот на минатата година, кој се должи на континуираната амортизација на овие средства, а помало влијание имаат вложувањата во основни средства.

На 30 јуни 2022 година, билансната вредност на издадените конвертибилни обврзници бележи пад во однос на крајот на минатата година како резултат на исплатената камата во текот на март 2022 година.

Позицијата депозити на други коминтенти бележи опаѓање во однос на крајот од годината од 3,7%, но и во однос на планот за 6,4% што се должи на растечката инфлација во економијата и повлекување на дел од депозитната база од банките.

Намалувањето на изворите на средства доведе до намалување на расходите за камати за 6,0% во првото полугодие на 2022 година во однос на истиот период минатата година. Остварените расходи за камати во известувачкиот период, се пониски за 6,9% во однос на планираните.

Наспроти нагорниот континуитет на кредитна активност во сегментот население, во услови на висока конкуренција, Банката оствари пониски вкупни приходи од камати за 3,3% во споредба со истиот период минатата година.

Растечката економска криза и инфлаторните трендови влијаеја врз пазарот на капиталот и соодветно врз политиките на регулаторот и се чини дека веќе се создадени услови за прекин на континуираниот и долгогодишен тренд на намалување на активните каматни стапки на ниво на банкарски сектор.

Сепак, првичните ефекти од ваквата промена на трендот, веројатно, ќе се почувствуваат кон крајот на вториот семестар годинава. Во услови на силна конкурентска борба во првиот семестар и одржувањето на висока конкурентност кај продуктната понуда на Банката, забележан е понизок нето-каматен приход во однос на истот период претходната година од 2,2% и покрај значајно намалените расходи од камати.

Во првото полугодие на 2022 година, забележан е пораст на приходите од провизии за 6,3% во однос на истиот период минатата година и исполнување на планот од 99,8%. Тој пораст придонесе кон пораст на позицијата нето-приходи од провизии и надомести за 16,3%, во однос на истиот период претходната година, додека планот е надминат за 4,7%.

Нема разлики во однос на позицијата трошоци за вработените, во однос на истиот период претходната година. Оваа позиција отстапува во однос на планот, бидејќи планираните дополнителни вработувања се одложени за следните месеци.

Позицијата останати расходи од дејноста бележи пораст од 8,6% во однос на истиот период минатата година, додека во однос на планот, остварени се незначителни повисоки останати расходи од дејноста за 1%.

Останатите приходи од дејностасе 876 илјади денари повисоки во однос на истиот период минатата година, но пониски во однос на планираните за 44,8% што се должи на нереализиран приход од дивиденда.

Во првото полугодие на 2022 година, реализирани се повисоки нето–приходи од курсни разлики за 1,579 илјади денари во однос на истиот период минатата година.

Расходите за амортизација бележат пад од 7,4% во однос на истиот период минатата година и 5,1% во однос на планираните, како резултат на одложени набавки на основни средства.

Со 30 јуни 2022 година, евидентно е намалувањето на издвоените резервации за кредитните изложености, при што е издвоена исправка на вредноста на финансиските средства и посебна резерва за вонбилансната изложеност, на нето-основа во износ од 3,6 милиони денари, односно забележано е подобрување на оваа позиција за близу 16.0 милиони денари во однос на истиот период минатата година“, велат од Банката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Централна кооперативна банка во првите три месеци со добивка

За плати на Управниот одбор на Централна кооперативна банка лани исплатени 8,5 милиони денари бруто

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Истражување: Колкави се платите во ИТ секторот

Редакција

Министерството за одбрана склучи договор со Пуцко петрол вреден 1,2 милион евра

Редакција

Комерцијална банка стана прва македонска банка која презема банка во странство

Редакција