еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Пресуда за случајот „Софтвери“ во кој е обвинет Рашковски на 6 јули

Во Основниот кривичен суд – Скопје денеска за случајот познат како „Софтвери“ завршни зборови даваа обвинетите Ирена Ивановска и Маја Силјановска.

Пресудата судот ќе ја објави на 6 јули.

Адвокатот кој говореше во име на Ирена Ивановска и Маја Силјановска бараше од судиите да се оттргнат од притисокот на Обвинителството, како и со непристрасност, независност и самостојност во одлучувањето, со тоа што, како што кажа адвокатот, за двете обвинети за кривичното дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, ќе донесат ослободителна пресуда.

Според обвинението, првообвинетиот, Драги Рашковски, не ги извршил службените должности при спроведување на четири постапки за јавна набавка за систем за биометриска идентификација, јавна набавка на софтвер за определување на просечна брзина на возила во сообраќајот и изрекување на казни, набавка на АНПР камери за препознавање на регистарски таблички за возила и јавна набавка на метални кабини за потребите на системот на биометриска идентификација и систем за автоматско препознавање на регистарски таблици.

Рашковски е обвинет за кривичните дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „перење пари и други приноси од казниво дело“, а лицата Ивица Димитровски, Игор Христов, Даниел Станчев, Ирена Ивановска, Игор Ивановски и Маја Силјановска се обвинети за „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Случајот го води судијката Фанка Јанчулева-Михаиловска, а застапник на обвинението е обвинителката Ивана Трајчева.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пред два дена се исплатени 120 милиони евра на „Бехтел и Енка“, тврди Мицкоски

Редакција

Милевски се повлекува од министерската функција, ќе го наследи кадар на ЛДП

Редакција

За неносење маски казнети 319 лица

Редакција