еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

За 30 дена се намалува рокот за намирување на обврските на јавниот сектор кон приватните компании

Државата го крати рокот за намирување на обврските кон приватните компании на 30 дена.

Законските измени со кои се регулира ваквата обврска ги подготви Министерството за финансии, а ги усвои Собранието во рамки на 117-тата седница.

-Со донесениот Закон се скратуваат роковите во коишто субјектите од јавниот сектор чии сметки се во рамките на трезорот на Министерството за финансии и трезорот на Фондот за здравствено осигурување се должни да ги поднесат барањата за плаќање на достасаните фактури кон економските оператори до трезорот на Министерството за финансии и до трезорот на Фондот за здравствено осигурување, како и роковите во кои Министерството за финансии, односно Фондот за здравствено осигурување ќе ја вршат исплатата на средствата на кои гласат доставените фактури, се наведува во соопштението од Министерството за финансии.

Скратување за 30 дена, како што е посочено во соопштението, има и на плаќањата на јавниот сектор чии сметки се во рамки на Трезорската сметка на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, кои сега се 90 дена. Со предложените измени се предлага од обврски на овие субјекти да се плаќаат за 80 дена, од јануари 2024 година 70 дена и од јануари 2025 година за 60 дена.

Со законските измени рокот за исплати на обврските на државата кон приватниот сектор се сведува на 30 дена. Односно предвидено е постепено намалување на рокот на плаќање на обврските на субјектите од јавниот сектор чии сметки се во рамки на Трезорската сметка на Министерството за финансии. Така што, од 60 дена рокот првично се намалува на 50 дена, од 1 јануари 2024 дополнително ќе се намали за уште 10 дена и ќе изнесува 40 дена и од јануари 2025 година истиот ќе биде 30 дена.

-На ваков начин се создава предвидливост за компаниите и се подржува ликвидноста на стопанството. Тоа особено е значајно за компаниите во услови на економска криза, оценува министерот за финансии Фатмир Бесими.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Почина 39-годишната родилка која се обиде да се самоубие, нејзиното прво дете е пуштено од болница

Редакција

Просечната плата во март се зголеми на 26.422 денари

Редакција

Од 19 до 22 октомври 42. Скопски џез фестивал, кој се ќе настапи

Редакција