Во 2022 година на органите на управување и надзор на Гранит АД Скопје исплатен им е бруто износ од 65.667.305 денари на име надоместоци за плата, награда и надоместок за учество во органите на управување, стои во годишниот извештај на компанијата објавен преку Македонската берза.
-Членот на Управниот одбор, Венко Зафиров е вработен во фирмата Конер компјутери ДОО Скопје каде од својот работен однос остварува надоместоци во бруто износ од 756.296 денари.
Членот на Надзорниот одбор, Горан Марковски е вработен во КБ Публикум инвест АД Скопје, каде од својот работен однос остварува надоместоци во бруто износ од 4.679.980 денари, велат од кјомпанијата.
Надзорниот одбор е составен од три члена. Претседател е Ивана Милковска Симева, а другите членови се Горан Марковски и Виолета Божиноска
Членот на Надзорниот одбор, Марковски е независен член на Надзорниот одбор на Diners Klub Интернационал Мак АД Скопје.
Корпоративен секретар на Надзорниот одбор е Марина Атанасова.
Управниот одбор е составен од пет членови. Претседател на Управниот одбор е Страшо Милковски, а другите членови се Зоран Милковски, Катерина Ѓердовска, Андреа Серафимовски и надворешниот член, Венко Зафиров.
Членот на Управниот одбор, Милковски е член на Надзорниот одбор во друштвото Евроинс Осигурување АД Скопје.
Секретар на Управниот одбор е Марија Шеќероска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
На менаџментот на Прилепска Пиварница лани исплатени 25.7 милиони денари