еМагазин
Image default
Бизнис

Стопанска банка Скопје во првиот квартал ја зголеми добивката

Во првиот квартал од 2023 година, Стопанска банка АД Скопје оствари добивка пред оданочување и резервации во износ од 1.151.593 илјади денари, што е 25% повеќе споредено со претходната година, информира Банката преку Македонската берза.

-Истовремено, врз основа на прудентните политики на Банката за управување со ризиците, имајќи ги предвид сите предизвици што ги носи тековното деловно опкружување, глобално и на ниво на домашната економија, во текот на првиот квартал од 2023 година, Банката издвои исправка на вредност на финансиските средства и посебна резерва за вонбилансна изложеност, на нето-основа, во износ од 375.149 илјади денари.

Со тоа, добивката на Банката пред оданочување на 31.03.2023 година изнесува 776.444 илјади денари и во однос на истиот период од минатата година е повисока за 5%.

Во најголем дел, ова е резултат на зголемени приходи по сите основи заради континуираниот тренд на зголемување на  обемот на деловни активности, како и зголеменото кредитно портфолио на Банката.

Успешното работење е остварено во услови на органски раст на активата на Банката, која на 31.03.2023 година изнесува 121.240.794 илјади денари. На тој начин, Банката, во согласност со својата деловна стратегија продолжува со раст на обемот на нејзините бизнис-активности, велат од Банката.

Нето-приходите од камати изнесуваат 1.289.288 илјади денари и се зголемени за 30% во однос на истиот период од минатата година, како резултат на интензивните кредитни активности и зголеменото кредитно портфолио на Банката и трендот на раст на каматните стапки, велат од Банката.

-Нето-приходите од провизии и надоместоци изнесуваат 207.386 илјади денари и се намалени за 3 % во однос на анализираниот период во 2022 година, што се должи на зголемени расходи од провизии поради повисоките трошоци за обезбедување на овие услуги, пред сè во делот на платните и картичните трансакции.

Нето-приходите од курсни разлики забележаа пораст од 9% и изнесуваат 45.279 илјади денари, како резултат на зголемениот обем на тргувања на девизниот и менувачкиот пазар. 

Останатите приходи од дејноста изнесуваат 123.289 илјади денари.

И покрај ценовните флуктуации и високата инфлација, Банката успеа да ги ограничи оперативните трошоци од работењето и да ги одржи на релативно стабилно ниво, при што  на 31.03.2023 година трошоците за вработени изнесуваат 250.062 илјади денари, додека оперативните трошоци изнесуваат 229.115 илјади денари.

Во анализираниот период, врз основа на прудентниот пристап во управувањето со ризиците, Банката издвои исправка на вредност на финансиските средства и посебна резерва за вонбилансна изложеност, на нето-основа, во износ од 375.149 илјади денари.

Како резултат на сето наведено, остварената добивка пред оданочување и резервации изнесува 1.151.593 илјади денари, додека добивката пред оданочување на 31.03.2023 година изнесува 776.444 илјади денари, што е за 5% повисоко во однос на истиот период од минатата година, велат од Банката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Стопанска банка Скопје со добивка во првите девет месеци

Колкави биле примањата на членовите на Надзорниот одбор на Стопанска банка Скопје лани

Колкави се примањата на членовите на Управниот одбор на Стопанска банка Скопје лани

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најавени 16 пријави за угостителски објекти, се прават свадби, не се почитуваат протоколите и работното време

Редакција

„Макошпед“ и „Магнум медиа“ склучија спогодба за присоединување

Редакција

„Сектрон“ го доби тендерот на Владата за набавка на опрема за видео надзор

Редакција