еМагазин
Image default
Бизнис

Фабрика Карпош со добивка во првите девет месеци

Фабрика Карпош АД Скопје за период од јануари-септември 2022 година оствари позитивен финансиски резултат прикажан во поединечниот неревидиран Биланс на успех, информираат од компанијата преку Македонската берза.

-Приходите од продажба во најголем дел се приходи кои произлегуваат од продажба на производи (реализација) на големо на домашен пазар, приходи по времени ситуации, приходи од продажба на станови, во вкупен износ од 337.459 илјади денари.

Остварената нето добивка по оданочувањето за периодот од 01.01 до 30.09 2022 година изнесува 1.424 илјади денари.

Со оглед на недовршеното производство или производството во тек кое произлегува од станбен комплес Александрија (проект за изградба на станови кои ги гради Фабрика Карпош) со издавање на фактури на купувачите на станови по продажни цени, залихата ќе се валоризира и ќе го зголеми приходот на компанијата.

Во период од 01.01 до 30.09 во 2022 година вкупните расходи во најголем дел се однесуваат на трошоци на продадени производи и услуги и истите изнесуваат 240.583 илјади денари.

Финансиските расходи изнесуваат 6.516 илјади денари и бележат намалување во споредба со истиот период претходната година, велат од компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фабрика Карпош во првите три месеци од годината со загуба

Фабрика Карпош лани со добивка

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Објавени имиња на маркети кои продавале по повисоки цени

Редакција

ЕУ за сега тешко да ја „дигне“ рампата, препорака за затворање на границата со Србија и Косово се уште нема

Редакција

Европа ја зголеми добивката за 133,8% во првиот квартал

Редакција