еМагазин
Image default
Бизнис

Фабрика Карпош во првите три месеци од годината со загуба

Фабрика Карпош АД Скопје за периодот од јануари до март 2022 година оствари негативен финансиски резултат прикажан во поединечниот неревидиран Биланс на успех, информираат од таму преку Македонската берза.

„Приходите од продажба во најголем дел се приходи кои произлегуваат од продажба на производи (реализација) на големо на домашен пазар, приходи по времени ситуации, приходи од продажба на станови, во вкупен износ од 65.542 илјади денари.

Загубата по оданочувањето за периодот 01.01-31.03 2022 година изнесува 4.904 илјади денари. Со оглед на недовршеното производство или производството во тек кое произлегува од станбениот комплес Александрија (проект за изградба на станови кои ги гради Фабрика Карпош АД Скопје) со издавање на фактури на купувачите на станови по продажни цени, во нареден период залихата ќе се валоризира и ќе го зголемува приходот на компанијата.

Во периодот 01.01-31.03 во 2022 година вкупните расходи во најголем дел се однесуваат на трошоци на продадени производи и услуги и истите изнесуваат 50.208 илјади денари. Финансиските расходи, расходи по основ на камати се во износ од 480 илјади денари во извештајниот период“, велат од фабриката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фабрика Карпош лани со добивка

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Депонентите во Еуростандард банка ќе се обесштетуваат преку Стопанска банка Скопје, Комерцијална, НЛБ и Халк банка

Редакција

(ВИДЕО) Се отвара наесен следната година: Како ќе изгледа East Gate Mall

Редакција

ЦГК: Во двете кризни години, државните институции купиле 142 нови возила за кои платиле 3,6 милиони евра, најскапото возило чинело 47.000 евра

Редакција