еМагазин
Image default
Бизнис

Депонентите во Еуростандард банка ќе се обесштетуваат преку Стопанска банка Скопје, Комерцијална, НЛБ и Халк банка

Преку Стопанска, Комерцијална, НЛБ и Халк банка ќе се обесштетуваат депонентите – физички лица (резиденти и нерезиденти) во Еуростандард банка, соопшти денеска Фондот за осигурување депозити.

Според Фондот, целта на ваквата одлука, преку четири банки да се врши исплатата, е да се избегнат масовни собири.

„Веднаш по добивањето на Конечниот список за депозитите на физичките лица кои се предмет на обесштетување, од стечајниот управник на „Еуростандард банка“ АД Скопје во стечај, Фондот за осигурување на депозити ќе ги распредели депонентите по банките – исплатувачи и ќе ги извести во која банка – исплатувач ќе бидат распределени за подигнување на исплатата на обесштетувањето на нивните осигурени депозити.

Фондот навремено ќе ги извести депонентите и јавноста за датумот на почетокот на исплатата на обесштетувањето на осигурените депозити кај банките – исплатувачи. Се прават максимални напори исплатата да почне што поскоро“, наведува Фонд за осигурување депозити.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Редици пред банките: Опасност од „Еуростандард кластер“ на корона вирусот

Народна банка: Заштитен е имотот на Еуростандард банка, трансакциите за сметки до 12 август ќе бидат реализирани

Антикорупциска ќе испитува дали има судир на интереси кај министерката Нина Ангеловска за случајот со Еуростандард банка

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мукаетов до Бесими: Државата да ги ослободи фирмите од двојно оданочување на здравственото осигурување

Редакција

Бројот на претплатници на мобилна телефонија зголемен за 3,48%

Редакција

Инцидент во погонот Челичарница во „Макстил“, повреден еден работник

Редакција