еМагазин
Image default
Бизнис

Народна банка: Заштитен е имотот на Еуростандард банка, трансакциите за сметки до 12 август ќе бидат реализирани

По известувањето од Основниот граѓански суд Скопје дека е усвоен предлогот за отворање на стечајна постапка над „Еуростандард банка” АД Скопје и дека е определен стечаен управник, Народната банка ја известува јавноста дека штитејќи го интересот на депонентите и доверителите, активно ги презема сите активности коишто во периодот до отпочнување на стечајната постапка се нејзина законска надлежност.

„Заштитен е имотот на Банката, во функција на обезбедување дел од предусловите за спроведување ефикасна и брза стечајна постапка во рамки на која треба да се наплатат побарувањата на доверителите и дел од депонентите.

Ги известуваме граѓаните коишто на 12 август 2020 година извршиле готовински и безготовински трансакции преку „Еуростандард банка” АД Скопје за плаќање на сметки (струја, вода и др. давачки), вклучително и преку уплати во АД „Пошта на Северна Македонија” дека трансакциите ќе бидат реализирани во наредните неколку дена и нема потреба граѓаните да ги плаќаат истите сметки одново.

Тимот на Народната банка е максимално посветен и за да придонесе за што побрзо завршување на сите административни процедури поврзани со исплатата на обесштетувањето на депозитите на граѓаните од страна на Фондот за осигурување на депозити“, информираат од банката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДКСК ќе испитува дали има судир на интереси кај министерката Нина Ангеловска за случајот со Еуростандард банка

Душко Тодевски назначен за стечаен управник на „Еуростандард банка“, прво рочиште на 8 октомври

Најголеми жртви на пропаста на Еуростандард банка се над 160 вработени коишто ќе останат на улица

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Стареењето на општеството е главна причина за недостиг на работна сила

Редакција

ТТК Банка со зголемена добивка во првите шест месеци

Редакција

Владимир Ефтимоски ја зголеми сопственоста во Стопанска банка Битола на 16.501 акција

Редакција