еМагазин
Image default
Бизнис

ТТК Банка со зголемена добивка во првите шест месеци

Во периодот од 1.1.2021 до 30.6.2021 година, ТТК Банка АД Скопје, приспособувајќи го своето работење на специфичните економски и пазарни услови предизвикани од пандемијата на вирусот Ковид-19, постигна ефикасна реализација на приоритетните цели и задачи во согласност со Деловната политика и со финансискиот план на Банката за 2021 година, информира Банката преку Македонската берза.

“Преку своето редовно оперативно работење, Банката успеа да генерира позитивен нето-оперативен приход пред исправките на вредност во износ од 87,7 милиони денари, кој е за 43,1 % повисок во однос на истиот период минатата година, како резултат на побрзиот раст на оперативните приходи во однос на оперативните трошоци.

Во истиот период, исправката на вредност на финансиски и нефинансиски средства на нето-основа изнесува 47,1 милиони денари.

Финансискиот резултат за период јануари – јуни 2021 година изнесува 40,6 милиони денари, што е за 32,3 % повисок во однос на истиот период минатата година.

Во однос на финансискиот план за 2021 година, финансискиот резултат го надминува планираниот резултат за овој период за 23,2 %.

Остварениот позитивен финансиски резултат во првата половина од 2021 година е со квалитет што ја зацврстува стабилноста на Банката и перспективата за здрав раст во наредниот период.

Нето-приходите од камати претставуваат основна компонента во формирањето на вкупните приходи од работењето на Банката. Остварените нето-приходи од камати во периодот од 1.1.2021 до 30.6.2021 година изнесуваат 130,8 милиони денари и бележат намалување од 3,2 % во однос на истиот период минатата година.

Планираните нето-приходи од камати се остварени со 97,8 % од Буџетот.

Нето-приходите од провизии и надоместоци за услуги во тековниот период изнесуваат 92,7 милиони денари и се зголемени за 52 % во однос на минатата година.

Најголем придонес во генерирањето на приходите од провизија има зголемениот обем на трансакции во платниот промет во земјата како од секторот население така и од секторот стопанство, како и провизиите коишто потекнуваат од кредитирање.

Нето-приходите од провизии и надоместоци за услуги се остварени со 105,9 % од планираните за овој период.

Нето-приходите од курсни разлики изнесуваат 5,2 милиони денари и бележат раст од 20,7 %. Во однос на планот се остварени со 109,7 %.

Останатите приходи од работењето на Банката изнесуваат 20,9 милиони денари и се остварени со 96,6 % од планираните за овој период.

Вкупните оперативни трошоци во анализираниот период изнесуваат 164,4 милиони денари и во однос на минатата година се повисоки за 3,5 %, како резултат во најголем дел од повисоки материјални и административни трошоци. Планот е остварен со 95,7 %.

Во споменатиов период, исправката на вредноста на финансиските средства и на посебната резерва за вонбилансна изложеност на нето-основа изнесува 46,9 милиони денари или за 53,5 % повисока во однос на истиот период претходната година и истата соодветствува со обемот, структурата и квалитетот на пласманите на Банката.

Во првата половина од 2021 година прокнижена е загуба заради оштетување на нефинансиските средства во износ од 0,1 милиони денари„, велат од Банката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ТТК Банка за два и пол пати ја зголеми добивката

На менаџментот на ТТК Банка за надоместоци лани исплатени 180,9 милиони денари

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта склучи договор со Смартком инвест вреден 1,3 милион евра

Редакција

Промени во правилата за патување во Грција: Потврдата за прележан Ковид-19 важи три месеци

Редакција

Колкави трошоци имале лани Сител, Телма, Алфа, Канал 5 и Алсат-М

Редакција