еМагазин
Image default
Бизнис

Колкави трошоци имале лани Сител, Телма, Алфа, Канал 5 и Алсат-М

Заедничките трошоци на Сител, Телма, Алфа, Канал 5 и Алсат-М лани изнесувале 1,071.20 милиони денари, покажува Анализата на пазарот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Во периодот од последните пет години, телевизиите потрошиле повеќе само во 2021 година.

-За разлика од претходната година, кога најголем дел од трошоците биле направени за набавка на содржини, во 2022 година телевизиите најмногу потрошиле за плати и други надоместоци на лицата директно поврзани со производство на програмата, и тоа вкупен износ од 327,53 милиони денари, што претставува 43% од директните трошоци за создавање програма.

За набавка на содржини потрошиле нешто помалку, односно 324,25 милиони денари

Најмногу средства за плати за овие лица, како и за набавка на содржини, издвоила Сител, а најмалку Алфа.

Споредено со 2021 година, освен Телма, сите други телевизии потрошиле помалку за набавка на програма.

Ситуацијата е обратна кај платите и надоместоците за лицата директно поврзани со производство на програма. За оваа намена, со исклучок на Алфа, која потрошила помалку во однос на 2021 година, останатите четири телевизии прикажале повисоки трошоци, стои во Анализата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Колкави приходи имале лани Сител, Телма, Алфа, Алсат-М и Канал 5

Сител, Канал 5, Алсат-М и Алфа лани работеле со добивка, Телма со загуба

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вработувања во Државниот завод за статистика, плата до 22.500 денари

Редакција

„ЗСФ-КОМ“ на Фатмир Етеми ја зголеми сопственоста во „Скопски пазар“

Редакција

Во јуни раст од 9,5% на индустриското производство

Редакција