еМагазин
Image default
Бизнис

Фабрика Карпош со добивка во првите шест месеци

Фабрика Карпош АД Скопје за период од јануари-јуни 2021 година оствари позитивен финансиски резултат прикажан во поединечниот неревидиран Биланс на успех, информираат од фабриката преку Македонската берза.

“Приходите од продажба во најголем дел се приходи кои произлегуваат од продажба на производи (реализација) на големо на домашен пазар, приходи по времени ситуации, приходи од продажба на станови, во вкупен износ од 202.527 илјади денари.

Остварената нето добивка по оданочувањето за периодот 01.01-30.06 2021 година изнесува 1.152 илјади денари.

Со оглед на недовршеното производство или производството во тек кое произлегува од станбен комплес Александрија (проект за изградба на станови кои ги гради Фабрика Карпош) со издавање на фактури на купувачите на станови по продажни цени, залихата ќе се валоризира и ќе го зголеми приходот на компанијата.

Во период 01.01-30.06 во 2021 година вкупните расходи во најголем дел се однесуваат на трошоци на продадени производи и услуги и истите изнесуваат 161.337 илјади денари.

Финансиските расходи по основ на камати се во износ од 3.016 илјади денари во извештајниот период“, велат од фабриката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Намалена добивката на Фабрика Карпош во првите три месеци од годинава

Фабрика Карпош лани работела со добивка

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

И на аеродромите во Скопје и Охрид влез со тест, потврда за вакцинација или прележан Ковид-19

Редакција

(Фото) Воспоставена авиолинијата Скопје-Сараево: ТАВ и Aegean прославија со своите патници

Редакција

(Видео) Луксузни апартмани, базени, теретана: Ѕирнете во облакодерите на Џеваир скај сити

Редакција