еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Душко Тодевски назначен за стечаен управник на „Еуростандард банка“, прво рочиште на 8 октомври

Стечајната постапка над должникот „Еуростандард банка“ АД Скопје ќе ја води стечајниот управник Душко Тодевски од Скопје, а првото рочиште за испитување и утврдување на пријавените побарувања е закажано за 8 октомври годинава, информираат денеска од Основниот граѓански суд Скопје.

„Поради поголемата заинтересирност на медиумите во врска со предметот СТ – 123/20, Ве известуваме дека со Решение СТ – 123/20 од 14.08.2020 година на овој суд е усвоен предлогот за отварање на стечајна постапка над должникот „Еуростандард банка“ АД Скопје и за стечаен управник е определен Душко Тодевски од Скопје.

По предметот СТ-123/20 е закажано рочиште за испитување и утврдување на пријавените побарувања и извештајно собрание на доверители на ден 08.10.2020 година, во 13 часот, во судница II, I кат“, се вели во соопштението од Основен граѓански суд Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најголеми жртви на пропаста на Еуростандард банка се над 160 вработени коишто ќе останат на улица

Поранешниот директор на „Еуростандард банка“, Петкоски: Aкционерите треба да се преиспитаат колкава е нивната вина за пропаѓањето на банката

Богов: Гувернерката ја донесе единствената исправна одлука за „Еуростандард банка“

Промени во Надзорниот одбор на Еуростандард банка неколку месеци пред затворањето

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: 114 здравствени работници во Македонија излекувани од коронавирусот, голем раст

Редакција

Пациенти со цистична фиброза почнуваат да го примат лекот Трикафта

Редакција

Бензините поевтинуваат за половина денар, цената на дизелот останува иста

Редакција