еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Најголеми жртви на пропаста на Еуростандард банка се над 160 вработени коишто ќе останат на улица

Не стивнуваат реакциите за затворањето на Еуростандард банка и полемиките околу прашањето дали банката можела да се спаси.

Од Народната банка јасно посочија дека сопствениците не го обезбедија потребниот капитал за првата половина од оваа година, ниту изнеле издржано и реално решение за пренесување на сопственоста на инвеститор којшто би извршил докапитализација на банката во обем и со динамика кои би овозможиле нејзина одржливост, со оглед на состојбата во која банката се наоѓаше.

„Во интензивната комуникацијата со сопствениците, Народната банка постојано јасно укажуваше на сериозноста на состојбата во којашто се наоѓаше Банката и  инсистираше на итна докапитализација, потенцирајќи дека ако не се случи докапитализација, Народната банка ќе нема друг избор освен преземање на најстрогата мерка – укинување на дозволата за основање и работење на Банката“, соопшти Народната банка.

Од друга страна, акционерите на Еуростандард банка пред само една година водеа преговори со Комерцијална банка, но не најдоа заеднички јазик за цената по која Комерцијална би ја презела Еуростандард, туку зедоа кредит од 10 милиони евра, што само покажува дека имало реална шанса да се спаси банката, но проблем била заработувачката.

Акционерите неодамна соопштија дека за банката имало заинтересиран инвеститор од Дубаи, меѓутоа од Народната банка не сакале да одвојат време за потенцијалниот купувач. Според НБМ, станувало збор за несериозна понуда.

Во целото фијаско, се чини дека најголеми жртви се вработените. Имено, доверителите на банката и штедачите ќе бидат обештетени. Но, без егзистенција ќе останат 161 вработен, колку што имало во банката заклучно со јули, годинава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Поранешниот директор на „Еуростандард банка“, Петкоски: Aкционерите треба да се преиспитаат колкава е нивната вина за пропаѓањето на банката

Министерката Ангеловска: Парите од „Еуростандард банка“ ги повлеков лани и ги инвестирав во инвестициски фонд

Богов: Гувернерката ја донесе единствената исправна одлука за „Еуростандард банка“

Народна банка: Сопствениците на „Еуростандард банка“ не го обезбедија потребниот капитал за првата половина од оваа година

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Новогодишна распродажба во УЈП: По багателни цени се нудат станови, автомобили, телевизори…

Редакција

Кои се старо-новите министри на СДСМ: Тупанчевски за правда, Петровска за одбрана, Грковска вицепремиер за борба против корупцијата

Редакција

Во акцијата на МВР за заплена на дрога, уапсена и наставничка од основното училиште „Александар Македонски“ од Аеродром

Редакција