Не стивнуваат реакциите во јавноста по објавата дека Народната банка и ја одзема дозволата за работа на Еуростандард банка и дека ќе побара стечај.
Интересно е што само неколку месеци пред оваа одлука имало промени во Надзорниот одбор на Еуростандард банка.
Имено, Централниот Регистар постапувајќи по пријавата за промена во Надзорниот одбор на Еуростандард банка односно упис на нови членови во февруари, годинава донесе решение со кое се одобрува пријавата.
Со неа, дотогашните членови на Надзорниот одбор, Трифун Костовски и Гале Галев се избришани од евиденцијата, а на нивно место се впишани Филип Ивановски, како независен член и Емил Ханџиски како член на Надзорниот одбор.
Промените дојдоа краток период по обидот за продажба на Еуростандард банка на Комерцијална банка, кој заврши неуспешно откако двете страни не се договорија за цената.
Тогаш, наместо купопродажба, Комерцијална банка по нивно барање им даде на акционерите на Еуростандард банка кредит од 10 милиони евра.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сите детали: Што треба да направат пензионерите кои земале пензии преку Еуростандард банка?
Пропаст наместо нов газда: Можеше ли да се спаси Еуростандард банка?
Каде треба да се обратат физичките и правните лица кои користеле услуги на Еуростандард банка