еМагазин
Image default
Бизнис

Инцидент во погонот Челичарница во „Макстил“, повреден еден работник

Макстил АД информира дека во текот на редовното работење во трета смена во погонот Челичарница е настанат инцидент при што е повреден еден вработен.

„На вработениот веднаш му е пружена прва помош и истиот е пренесен во ургентниот центар на Универзитетската клиника за понатамошен третман. Истиот е вон животна опасност.

Случајот е пријавен во надлежните институции чии екипи излегоа веднаш на самото место на настанот.

Макстил АД по итна постапка формираше комисија за детална интерна истрага за утврдување на околностите под кои настанал инцидентот и повредата, како и за одговорноста за истите.

Јавноста ќе биде навремено информирана со повеќе информации и детали во моментот кога тие ќе бидат достапни,“ информираат од компанијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владата донесе нови протоколи за музеите и галериите и измени кај обложувалниците и сместувачките објекти

Редакција

„Пуцко петрол“ го доби тендерот на прилепски „Комуналец“ за набавка на горива вреден 152.000 евра

Редакција

Поскапуваат бензините и дизелот

Редакција