еМагазин
Image default
Македонија

Бугарија порано одбиваше Бугарите да влезат во Уставот, тоа е наше барање, вели пратеникот на СДСМ, Митрески

Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески изјави дека на лидерската средба нема да се зборува само за уставните измени, туку за европската иднина на земјата и сите прашања поврзани со евроинтеграциите.

– Ќе се зборува за влегувањето на Бугарите во Уставот, но сите партии што сме определени за ЕУ треба да разговараме на една таква средба. Лидерската средба, покрај претседателите на партиите, ќе биде со учество и на пратениците или претставници на пратеничките групи, рече Митрески во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија, додавајќи дека сите партии се согласни дека стратешка цел е членството во ЕУ.

Тој посочи дека сите што се определиле за евроинтеграција на земјава се поканети.

Според него барањето за внес на Бугарите во Уставот во минатото било всушност барање на Скопје, а не на Софија.

– И пред ние да бидеме на овие позиции, во 90-тите, 2001-ва, па мислам и во 2018 година, за наше барање Бугарите да бидат внесени во Уставот, но тогаш Бугарите не сакале да бидат внесени во Уставот. Според нив, тие ни ја признаваат државата, но велат дека станува збор за еден народ во две држави.

Нашиот став е да, тие треба да бидат во Уставот, бидејќи тогаш уште еднаш, посилно ќе го потврдиме нашиот македонски идентитет, дека постои и македонскиот народ и дека постои и бугарскиот народ како два различни народи кои функционираат во општеството, посочи Митрески.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ковачевски ги испратил поканите за лидерска средба на 7. ноември

Мицкоски прифаќа лидерска за проблемите на граѓаните, за уставните измени- не

МИА/Фото: Митрески/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ковачевски без коментар за внукот на Ахмети, кој го купува бизнис центарот „Соравиа“

Редакција

Нов состанок на македонско-бугарската Комисија за историски и образовни прашања

Редакција

Фотографиите од Јанева на граница се стари

Редакција