еМагазин
Image default
Бизнис

Лотарија на Македонија со намалена добивка

Во првите девет месеци од годинава Лотарија на Македонија АД Скопје оствари позитивен финансиски резултат искажан во неревидираниот Биланс на успех во износ 2.552 илјади денари, што претставува намалување за 48% споредбено со 2022 година, информираат од таму преку Македонската берза.

-Кај оперативната добивка во износ од 3.293 илјади денари споредбено со минатата година има намалување од 40%.

Остварените вкупни приходи за период 01.01 – 30.09.2023 година, во висина од 20.132 илјади денари,  бележат намалување во однос на остварените приходи во 2022 година.

Во структурата на вкупните приходи најголемо учество од 99,26% имаат оперативните приходи, додека финансиските приходи претставуваат 0,74% од вкупните приходи.

Намалување од 3% бележат вкупните расходи, кои за период јануари до септември 2023 година изнесуваат 16.689 илјади денари. Оперативните расходи се намалени за 3%, а финансиски расходи нема, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мирјана Настовска-Митрова назначена за в.д. извршен директор на Лотарија на Македонија

Стефан Станкоски поднесе оставка од Одборот на директори на Лотарија на Македонија

Драган Наков избран и за претседател на Управниот одбор на Лотарија на Македонија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонија осигурување Виена Иншуренс Груп во првите три месеци со зголемена добивка

Редакција

СКМ сметаат дека многу повеќе компании може да искористат државна помош

Редакција

Биткоинот во слободен пад, намалување од 17 проценти за еден ден

Редакција