еМагазин
Image default
Бизнис

Македонија осигурување Виена Иншуренс Груп во првите три месеци со зголемена добивка

Македонија осигурување АД Виена Иншуренс Груп во периодот од јануари -март 2022 година оствари позитивен финансиски резултат во износ од 13.3 милиони денари, соопшти компанијата преку Македонската берза.

“Во истиот период 2021 година финансискиот резултат изнесува 12.2 милиони денари.

Во првото тромесечие 2022 во однос на истиот период 2021 година има зголемување кај вкупните приходи и вкупните трошоци.

Вкупните приходи во 2022 година се зголемени за 5,3%, додека вкупните расходи бележат зголемување од 5,1%.

Зголемувањето на приходите се должи на бруто полисираната премија и останати осигурителни технички приходи. Најголемо движење во вкупните трошоци бележат настанатите штети и останати осигурително технички трошоци“, велат од компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонија осигурување Виена иншуренс груп ќе дели дивиденда

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тетекс во првите три месеци со добивка

Редакција

Детален преглед: Плата не исплатиле 245 работодавачи кои зеле помош од државата за работниците

Редакција

Под 100 евра ќе биде приклучокот на домаќинствата на дистрибутивната мрежа на природен гас

Редакција