еМагазин
Image default
Бизнис

УЈП ќе добива податоци од банките за граѓаните за пополнување на годишната даночна пријава

Управата за јавни приходи електронски ќе ги добива од банките податоците за граѓаните неопходни за пополнување на Годишната даночна пријава, која од јануари следната година, наместо граѓанинот да ја пополнува, тоа ќе го прави Управата и ќе му ја доставува на граѓанинот на потврда.

Податоците што ќе ги доставуваат банките и кои ќе ги користи УЈП, како и динамиката на доставување ќе бидат утврдени со законски измени.

Ова денеска на прес-кофнеренција го соопшти директорката на УЈП Сања Лукаревска која посочи дека и досега од банките добивале податоци но во хартиена форма за даночната постапка.

– Она на што се работи една година наназад е оваа размена на податоци да се автоматизира, наместо податоците да се доставуваат во хартиена форма, што е долга, спора постапка за сите страни.

Автоматизираната електронска размена на податоци со банките ќе овозможи подобрување на ефикасноста на УЈП, подобри услуги за граѓаните и истовремено подобро администрирање на персоналниот данок на доход, појасни директорката, додавајќи дека со ова побрзо ќе се издаваат уверенија, решенија и други документи во надлежност на УЈП.

Таа додаде дека во консултации со сите релевантни институции на одржани низа состаноци меѓу УЈП, Министерството за финансии, Здружението, асоцијација на банките и претставници од банките, НБРМ и Дирекцијата за заштита на личните податоци заеднички е утврдената рамката за протокот на овие податоци, нивната содржина, динамика за достава и слично, како и стандардите за сигурност и заштита на личните податоци на граѓаните.

Таа увери дека личните податоци на граѓаните се сигурни, загарантирани и заштитени и дека и досега не се случило да се злоупотребат податоци од страна на вработени во Управата.

Лукаревска истакна дека користењето на податоците низ една ваква законска и сигурна процедура е императив за да може УЈП да издава однапред пополнети годишни даночни пријави кои граѓаните само ќе ги потврдуваат.

– Издавањето пополнетите годишни даночни пријави е дел од реформата за поедноставување на постапките за плаќање на персоналниот данок на доход, која УЈП ја спроведе со користење на средства од ЕУ ИПА фондовите, рече Лукаревска.

Елена Петровска од Управата за јавни приходи на прес-конференцијата појасни дека во процесот на подготовка на годишните даночни пријави не е можно да се добијат податоци во хартиена форма за половина милион граѓани, колку што е бројката на оние кои доставуваа годишни даночни пријави до Управата за јавни приходи.

Управата за јавни приходи ќе ги разгледува податоците кои се однесуваат на оданочените приходи, а засега е разговорано тие да се доставуваат на месечна основа.

Петрова појасни дека засега се разговара за приходи од странство, а понатаму може тој опсег да се прошири, бидејќи потребните податоци за приходите во земјата за граѓаните УЈП ги има и од исплатувачите.

– Врз основа на податоците воспоставивме систем од 1 јануари преку кој исплатувачите ги пријавуваат сите исплати на приходи на граѓаните. Врз основа на податоците што ќе ги добиваме и од трети страни ќе ги видиме приливите што подлежат на оданочување и што ги остваруваат граѓаните, што не се остварени во земјата и врз основа на сите тие пдоатоци ќе се изготви пополнетата годишна даночна пријава и ќе се достави до даночниот обврзник кој може да ја разгледа да ја корегира доколку има потреба или да ја потврди, појасни Петрова.

Со реформата остварените приходи во оваа година граѓаните догодина нема да ја пријавуваат сами преку годишната даночна пријава во УЈП, туку УЈП ќе им достави пополнета годишна даночна пријава.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Граѓаните негодуваат што УЈП ќе има увид во банкарските сметки, директорката објаснува што тоа значи

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Акционерската „битка“ не донесе драстични промени во „Реплек“, Бојан Аврамиовски нов член на Надзорниот одбор

Редакција

Бектеши во посета на млечната индустрија: Бимилк е една од општествено одговорните компании која ги намали цените и пред одлуката на Владата

Редакција

Трговците и откупувачите на сливи ќе добијат субвенции од два денари за килограм

Редакција