еМагазин
Image default
Локално

Жител од Здуње не дал да се омажи сестрата, па му се заканиле дека ќе го убијат

Закана со пиштол добил А.М. од Здуње бидејќи не ја дал сестрата да се омажи за Н.Е. од Врапчиште, Тетовско.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека синоќа во 21.00 часот во Полициската станица Гостивар, А.М. (28) од село Здуње, Гостиварско, пријавил дека околу 19.30 часот пред неговата куќа дошол Н.Е. од село Врапчиште, Тетовско, кој ја побарал за сопруга неговата сестра.

Откако А.М. не дозволил, Н.Е. извадил пиштол и му се заканил дека ќе го убие, по што заминал. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето и за расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Татко осомничен за полов напад врз 12-годишно девојче

Редакција

Наседнал на измама: Му зеле двеста евра за доктор и му оставиле часовник за гаранција

Редакција

Отворена истрага за скопјанецот кој направил „мини-плантажа“ со марихуана во домот во Козле

Редакција