еМагазин
Image default
Локално

Во болницата во Тетово донесен повреден 74 годишник, ја посочил снаата како сторител

Тетовската полиција евидентира случај пријавен од Тетовската болница при што 74 годишник за здобиените повреди ја посочил снаата како сторител.

Тој бил донесен во тетовската Клиничка болница вчера околу 23 часот и 30 минути.

-Седумдесет и четиригодишен жител на тетовско село, вчеравечер околу 23 часот и 30 минути бил пренесен во тетовската Кличничка болница за укажување на лекарска помош, откако половина час пред тоа физички бил нападнат и повреден од неговата 27-годишна снаа.

Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Тетовската полиција бележи уште една пријава за физички напад. Вчера 46 годишник пријавил дека неговиот малолетен син бил нападнат на улица „107“ од Н.С.(19) и Р.Т. (22), двајцата од Тетово.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пуштена во употреба жичницата до врвот на Водно, во кабина е дозволено да се превезуваат максимум 4 лица

Редакција

Затворен угостителски објект во Скопје: Приведени 47 лица на возраст од 17 до 75 години

Редакција

„Филмска“ акција на МВР: Повредени полицајци во судир со возило на „шверцери“ на мигранти

Редакција