еМагазин
Image default
Локално

„Филмска“ акција на МВР: Повредени полицајци во судир со возило на „шверцери“ на мигранти

На 21.12.2019 околу 04.50 часот, пред патарина Отовица – Велес, во координирана акција било сопрено патничко моторно возило „фолксваген фејтон“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на А.С. (24) од с.Студеничани, скопско, во кое биле превезувани 10 лица мигранти од Авганистан, информира МВР.

При застанување на возилото дошло до судир со полициското возило „ландровер“, при што со телесни повреди се здобиле двајца полициски службеници и двајца мигранти, кои биле префрлени во Општа болница Велес.

Околу 06.00 часот, на локалниот пат за с.Отовица, биле лишени од слобода Б.И.(19), кој управувал патничко возило „сеат“, со скопски регистарски ознаки, и сопатниците Б.В.(28) и А.И.(23), сите од Скопје, поради сомнение за поврзаност со настанот, по што биле приведени во Полициската станица Велес за понатамошна постапка.

За случајот е известен Јавен обвинител, а по комплетно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци. Пронајдените мигранти се префрлени во Прифатно- транзитниот центар „Винојуг“, Гевгелија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Апел од ЗОО Скопје: На шимпанзата Коко, Изи, Мими и Роси им се потребни ќебиња за да си прават замоци

Редакција

Затворени за сообраќај неколку улици во центарот на Скопје заради протестите

Редакција

Разбојници му зеле мобилен во Градскиот парк во Скопје

Редакција