еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Затворен угостителски објект во Скопје: Приведени 47 лица на возраст од 17 до 75 години

На 11.01.2021 во 22,00 часот по претходна пријава дека угостителски објект лоциран на улица “Ѓорѓи Поп Христов” во Скопје работи по 18,00 часот, од страна на полициски службеници во содејство со претставници од Државен пазарен инспекторат, извршена е контрола во угостителскиот објект, сопственост на И.С.(53) од Скопје и констатирано е дека во локалот се наоѓаат 47 лица, на возраст од 17 до 75 години, информира МВР.

„Затекнатите лица како и сопственикот на објекот се лишени од слобода за понатамошна постапка. Од страна на Државен пазарен инстпекторат, локалот е затворен во времетраење од 30 дена.

По целосно документирање на случајот, против лицата ќе биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот законик „Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија““, соопшти МВР.

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Графикон) Филипче: Линеарниот раст на заболените со коронавирусот охрабрува

Редакција

Нови 185 случаи на Ковид-19, пет починати и 307 оздравени пациенти

Редакција

Владата ќе чека: Рестриктивни мерки на локално ниво во зависност од бројките во следните три дена

Редакција