еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Нови 185 случаи на Ковид-19, пет починати и 307 оздравени пациенти

Во последните 24 часа од направени 892 тестови, регистрирани се 185 нови случаи на Ковид-19, регистрирани се вкупно пет починати, едно во последното деноноќие и четири преку системот „Мој термин“, и 307 оздравени пациенти, информираат од Министерството за здравство, повикувајќи се на податоци од Институтот за јавно здравје.

Од новорегистрираните 185 од Скопје се 96, Битола – 13, Берово – 8, Кавадарци – 7, Делчево – 6, Куманово, Тетово, Гостивар и Штип – по 5, Прилеп, Охрид и Кичево – по 4, Кочани, Ресен, Свети Николе и Крива Паланка – по 3, Велес и Гевгелија – по 2, Струмица, Неготино, Валандово, Пробиштип, Кратово, Богданци и Македонски Брод – по 1.

Од вкупниот број на позитивни регистрирани се 55 реинфекции.

Од регистрираните 307 оздравени пациенти, од Скопје се 157, Куманово – 21, Битола – 20, Велес –15, Делчево – 13,  Прилеп – 11,Тетово  – 9, Кочани – 8, Крива Паланка – 7, Берово и Кавадарци  – по 5, Гостивар, Штип, Охрид, Гевгелија и Неготино – по 4, Богданци – 3, Кичево, Ресен, Струмица, Дебар и Крушево – по 2, Струга, Радовиш и Демир Капија – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа пријавено е едно починато лице, од Скопје (74г). Лицето е починато во болнички услови.

Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин регистрирани се 4 лица, по едно лице од Битола, Ресен, Радовиш и Охрид, починати во период од 03.08.2022 до 25.08.2022 година. Починаите се на возраст од 73 – 82 години. Две лица се починати во болнички услови и две во домашни услови.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 340.695, бројот на оздравени пациенти е 329.741, на починати е 9.495, а бројот на активни случаи изнесува 1.459.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

“Нема рекет, нема мир“: Твитер реакции за „Рекет“, Јанева, Камчев, Боки 13…

Редакција

Три години затвор за обвинетиот за сообраќајката кај „Сити мол“, во која загина радовишанката Викторија Николова

Редакција

Ќе се оданочуваат и депозитите: Од следната година повисоки даноци, поголем ДДВ

Редакција