еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Три години затвор за обвинетиот за сообраќајката кај „Сити мол“, во која загина радовишанката Викторија Николова

Обвинетиот во случајот со сообраќајната несреќа кај „Сити мол“, Јордан Ѓорѓиев, од Основниот Кривичен суд – Скопје денеска беше осуден на казна затвор од три години.

На пресудата ѝ претходеше признание на вина од страна на обвинетиот.

Судењето го водеше судијката Љубинка Башевска.

Трагичната сообраќајната несреќа се случи на 20 јануари годинава во близина на раскрсницата кај Трговскиот центар „Сити мол“, при што животот го загуби Викторија Николова.

Според пресудата, обвинетиот се движел со брзина од 67,3 километри на час, брзина поголема од 17 километри на час од предвидената.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Семејството на починатата Викторија Николова згрозено од пресудата

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Под истрага фирма која ја чисти Владата и министерства

Редакција

Расте јавниот долг на Македонија

Редакција

МЕПСО вработува, плата до 52.200 денари

Редакција