еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Под истрага фирма која ја чисти Владата и министерства

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно физичко и едно правно лице за продолжено кривично дело – Злоупотреба на постапката на јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство од член 275-в од Кривичниот законик, информираат од таму.

-Осомничениот управител преку правното лице во 2018 година свесно ги повредил прописите за постапката за доделување договор за јавна набавка на средства за хигиена спроведена од Службата за општи и заеднички работи на Владата на РС Македонија.

Постои основано сомнение дека како дел од конзорциум кој учествувал во постапката за јавната набавка, осомничените поднеле невистинита документација и оствариле имотна корист од поголеми размери за правното лице.

Имено, со приложената невистинита документација осомничените биле избрани во постапката и со нив бил склучен Договор за јавна набавка со вкупна вредност од 209.999.304 денари без ДДВ за период од три години. Врз основа на овој договор, обвинетиот и неговото правно лице биле исплатени износ од 60.691.261 денари со ДДВ, односно 25% од вкупниот износ исплатен кон конзорциумот.

Во 2021 година истото правно лице, повторно како дел од група фирми, се јавило во постапка за јавна набавка на средства за хигиена спроведена од Службата за општи и заеднички работи на Владата на РС Македонија. Повторно врз основа на лажни документи, бил склучен договор со осомниченото правно лице како носител на групната понуда и му биле исплатени 21.497.105,50 денари со ДДВ за извршување на обврските по јавната набавка, односно 40% од вкупниот износ на договорот.

Надлежниот јавен обвинител му предложи на Основниот кривичен суд Скопје за осомниченото физичко лице да определи мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиште, привремено одземање на патна и друга исправа за преминување на државната граница, забрана за преземање определени работни активности поврзани со кривичното дело, односно забрана за располагање со парични средства од банкарските сметки на правното лице, информираат од Обвинителството.​

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Ако е работено сѐ по закон, тогаш не ја разбирам паниката и притисокот што се прави“, вели Русковска за претставката на Муареми

Редакција

Ципрас по оставката на Коѕијас: Грција нема да прифати прием на Македонија во ниедна меѓународна организација без уставни измени

Редакција

Од Ковид-19 починаа 5 лица, дополнително пријавени уште 3

Редакција