еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

По два месеци пауза, од вторник рудниците Бучим и Боров Дол повторно почнуваат со производството

Од вторник рудниците Бучим и Боров Дол кај Радовиш повторно започнуваaт со работа, односно го рестартираат производствениот процес, со што работата на рудниците се враќа во целосна функција, соопштија денеска од овие компании.

Во соопштението се наведува дека по скоро два месеци пауза и заради поволната промена на пазарот на електрична енергија рудниците се враќаат во редовен работен режим.

– Во изминатите десетина дена, видовме промена на цената на електричната енергија што ни овозможи повторно да ги започнеме производствените активностите со надеж дека тенденцијата ќе продолжи и цената на регионалната берза за електрична енергија (HUPEX) ќе се стабилизира.

Во текот на овие денови ќе бидат повикани на редовна работа сите вработени во рудниците за подготовка и отпочнување на производството.

Во меѓувреме, продолжуваме со реализација на веќе започнатите капитални инвестициски проекти и сме оптимисти во врска со динамиката со која се одвиваат работите, стои во изјавата на Олег Чусовитин, генерален директор на Бучим.

Во соопштението се додава дека рудниците продолжуваат со реализирање на плановите за енергетска независност, односно продолжуваат со инвестициското вложување во обновливи извори на енергија, како и модернизација на погонот флотација во Бучим, проекти кои што се веќе во тек и треба да се завршат најдоцна до октомври 2023 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Поради куповите смет „оро играат бактериите“ во Тетово

Редакција

Вкупниот број на смртни случаи од коронавирус низ светот надмина 3.000 лица

Редакција

Не се враќа во Струмица: Премиерот Заев денеска ќе поднесе оставка

Редакција