еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Претепан бил и затвореник кој се шетал со Боки 13, Управата за извршување на санкции со вонреден надзор во Идризово

Министерството за правда соопшти дека Бојан Јовановски бил нападнат вчера попладне на шеталиштето каде слободното време за прошетка на отворено го користат осудените лица кои се со затворен третман.

– Во врска со настанот кој се случи вчера во Казнено-поправниот дом „Идризово“, Управата за извршување на санкции информира дека вчера околу 15:30 часот, на шеталиштето каде слободното време за прошетка на отворено го користат осудените лица кои се со затворен третман, две осудени лица со иницијали Т. М. и О. А. физички ги нападнале осудениот Б. Ј. и друго осудено лице кое шетало со него, нанесувајќи удари во телото и главата, наведуваат од Министерството.

Оттаму посочуваат дека веднаш било интервенирано од страна на припадниците на затворската полиција кои го обезбедуваат шеталиштето, а осудените лица биле разделени.

Двете осудени лица врз кои е извршен нападот, веднаш биле спроведени во затворската амбуланта за укажување на помош, а била повикана и екипа на Итна медицинска помош која препорачала да бидат прегледани и во Клиничкиот центар – Скопје по што биле спроведени.

– Во вечерните часови осудените лица дале писмена изјава за нивното видување на настанот. Против осудените лица кои го извршиле физичкиот напад се комплетира документацијата за спроведување постапка за дисциплинска одговорност.

За овој настан, службени лица од Управата за извршување на санкциите ќе извршат и вонреден надзор на установата со цел да се утврди фактичката состојба.

Во текот на денешниот ден осудениот Бојан Јовановски е спроведен и на дополнителен преглед во Клиниката за абдоменални болести, се вели во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Боки 13 имал отоци и огреботини во пределот на главата, шаката, рачен зглоб и надлактица, не е хоспитализиран

Завршил на клиника, Боки 13 претепен од тројца затвореници

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

По втор пат усвоен нацрт амандманот со кој во Уставот „Република Македонија“ се заменува со „Република Северна Македонија“

Редакција

По пронајден череп: Скопјанец осомничен за убиство во Долно Дупени

Редакција

(Вознемирувачко видео) Најмалку 820 лица загинаа во земјотрес во Мароко

Редакција