еМагазин
Image default
Македонија

КОД: Поранешни обвинители на СЈО осомничени за „злосторничко здружување“ заедно со Сеад Кочан

КОД објави дека Државното правобранителство поднело кривична пријава против двајца поранешни обвинители и еден истражител на поранешното Специјалното јавно обвинителство (СЈО) за пропусти во случајот со бизнисменот Сеат Кочан.

Во пријавата заедно со обвинителите и истражителот, пријавен е и самиот Кочан.

Во пријавата којашто ја објави КОД пишува дека е испратена до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и до Владата и во неа стои дека поранешниот специјален обвинител Артан Ајро, кој сега работи во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, неговиот колега Гаврил Бубевски, актуелен шеф на скопското Обвинителство, како и Арафат Муареми, поранешен истражител во СЈО, а сега директор на Управата за финансиска полиција, се осомничени за “Злосторничко здружување заради злоупотреба на службена положба и овластување и Несовесно работење“.

Според Државното правобранителство, тие навремено не поднеле барање за замрзнување на имотот на „Трансмет“ вреден 17,2 милиони евра, а Кочан тоа го искористил, па си го префрлил имотот на друга фирма, токму на денот кога СЈО побара замрзнување.

Фото: Телма

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Петличковски не е сменет од претседател на Комисијата за заразни болести, велат од Министерство за здравство

Редакција

Материјали за учење за прво, второ, четврто и петто и учебници за останатите одделенија ќе има до 1 септември, велат од МОН

Редакција

(Галерија) Секое возило кое влегува и излегува од Дебар и Центар Жупа се дезинфицира

Редакција