еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Македонија ќе купи систем за противвоздушна одбрана од Франција

На денешната седница на Комисијата за одбрана и безбедност на Собранието, министерката за одбрана Славјанка Петровска ги запознала членовите на Комисијата со Информацијата и потребата на Армијата за набавката на современ систем за противвоздушна одбрана.

– Станува збор за унапредување на системот за борбена готовност на Армијата во насока на остварување на основната задача за одбрана на независноста и територијалниот интегритет и суверенитет на државата, за чија цел Министерството за одбрана пристапува кон набавка на современ систем за противвоздушна одбрана, а за кој ќе склучи договор со Министерството за одбрана на Република Франција, стои во соопштението од Министерството за одбрана (МО).

Станува збор за повеќегодишна набавка на систем за противвоздушна одбрана на мали височини, кој треба да ја унапреди борбената готовност на Армијата, а кој е предвиден согласно Планот за опремување и модернизација на Армијата.

Како НАТО членка, безбедноста на нашето небо ја гарантираат сојузничките воздухопловни сили, а набавката на системот за противвоздушна одбрана е комплементарна во целокупниот одбранбен систем на државата, велат од МО.

Од МО информираат дека во согласност со Законот за јавните набавки во одбраната и безбедноста, Министерството за одбрана наскоро ќе склучи договор со Министерството за одбрана на Република Франција, за кој јавноста ќе биде подетално информирана и за типот на воена опрема и за динамиката на испорака.

Во изминатите две децении, се наведува, не е извршена набавка на систем за противвоздушна одбрана, кој е потребен пред сè за поддршка и заштита на припадниците на Армијата, заштита на институциите, и зголемување на безбедноста и сигурноста на граѓаните на Македонија.

Фото: АРМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Остануваат на сила актуелните мерки за влез во Грција

Редакција

Тлото не се смирува: Серија земјотреси со епицентар во Корча, почувствувани во Охрид, Струга и Ресен

Редакција

Руски агенти работеле против договорот на Бугарија со Македонија, тврди Петков

Редакција