еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Руски агенти работеле против договорот на Бугарија со Македонија, тврди Петков

Руски агенти работеле против договорот на Бугарија со Македонија, тврди бугарскиот премиер Кирил Петков, кој како што пренесуваат бугарските медиуми, денеска изјави дека во Бугарија била формирана прилично голема руска група на агенти, која во моментов работела за различни интереси.

„Има руски агенти кои работеа конкретно против договорот меѓу Бугарија и Македонија“, изјави Петков.

Како што пренесува агенцијата БГНЕС, во Софија во врска со овој случај во тек била голема акција на Обвинителството.

“Има неколку такви случаи, а тоа за мене покажува дека некој се обидува да го промени бугарскиот интерес, рече Петков.

Во врска со овие случаи на 4. април ќе сведочи и премиерот Петков.

„Не се плашам и немам што да кријам. Ако ме побараат на распит, со задоволство ќе одам“, рече Петков.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Радев најави ново вето, бидејќи не му се допаѓаат бројките од Пописот

Бугарија не се откажува спорот со неа да се најде во преговарачката рамка за Македонија

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонските граѓани заглавени во меѓуграничната зона меѓу Хрватска и Србија и меѓу Унгарија и Србија тргнаа кон Македонија

Редакција

Извршниот директор Давков открива детали за Ист Гејт Мол: Стартува со 220 продавници и 600 трговски марки

Редакција

Детален преглед на состојбата со заболени од Ковид-19 по македонските болници

Редакција