еМагазин
Image default
Македонија

Бугарија не се откажува спорот со неа да се најде во преговарачката рамка за Македонија

Бугарскиот премиер Кирил Петков очекува во најскоро време заедничката историска Комисија на Северна Македонија и Бугарија да излезе со резултати, јави дописникот на МИА од Софија.

– Колку што сум информиран, напредокот е огромен. Се радувам, дека кога од двете страни има дух да работиме заедно, се постигнуваат успеси, рече Петков пред новинарите за време на посетата на Благоевград.

Според него, има неколку клучни аспекти – кога ќе се отворат архивите и говорот на омразата, што сме направиле како механизам против тоа.

Петков додаде дека е важно што ќе биде ставено во потенцијалната преговарачка рамка, како на пример дали Уставот на Северна Македонија ќе ги вклучува правата на Бугарите и дали ЕУ ќе сака да биде гарант за тоа.

Бугарскиот премиер исто така оцени дека во моментот Западен Балкан има ризик да биде втора точка на конфликтот, поврзана со војната во Украина.

– Најлошо е Западен Балкан повторно да е регион со висок ризик на нестабилност – и од политички и од секаков вид аспект, рече Петков.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Радев најави ново вето, бидејќи не му се допаѓаат бројките од Пописот

(Фото) Бројот на Бугари во Македонија се дуплирал и е највисок откако се попишува населението

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најголем рејтинг има ВМРО-ДПМНЕ, втора е СДСМ, Левица четврта: Анкета на ИПИС

Редакција

Ќе се отворат уште два нови пункта за тестирање од корона вирусот, а од утре ќе се отвори и кол-центар

Редакција

Васо Ристов нов директор на МОБ

Редакција