еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Путин потпиша одлука за регрутирање нови 134.000 војници, кои нема да се праќаат во Украина

Претседателот на Русија, Владимир Путин денеска потпиша одлука според која напролет во руската армија ќе бидат регрутирани нови 134.000 војници.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека новата регрутација не е поврзана со инвазијата врз Украина.

Министерот за одбрана на Русија, Сергеј Шојгу наведе дека новите регрути нема да бидат испратени во воените жариштата.

– Поголемиот дел од воениот персонал во центрите за обука ќе помине професионална обука во траење од три до пет месеци. Нагласувам, регрутите нема да бидат испратени во жариштето на војната, истакна Шојгу.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Непријателските“ земји, меѓу кои е и Македонија од утре за гас ќе плаќаат во рубљи, најави Путин

МИА/Фото: Руско министерство за одбрана

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Аларманта состојбата со Ковид-19 во Словенија: Епидемиолошката слика „најлоша досега“

Редакција

Од Газа евакуиран и брачниот пар од Македонија

Редакција

Намалување од 37,2% на заболени со Ковид-19, просечниот процент на позитивност, 7,5%

Редакција