еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Санирани последиците од поплавата во Ист гејт мол

Водата која надојде од булеварот „Александар Македонски“ во гаражниот дел од Ист гејт мол е исцрпена. Целиот простор е саниран и се спроведени неопходните активности тој да биде функционален и безбеден, соопшти денеска прес-службата на овој трговски центар.

Оттаму наведуваат дека приземјето и повисоките катови од молот воопшто не беа засегнати од поплавата, а погодените нивоа од поплавата – минус два и минус еден во молот, се подготвени да ги пречекаат посетителите.

-Просторот се чисти, дезинфицира и се враќа во функција, и граѓаните може да бидат сигурни во својата безбедност. Отворите за канализација на булеварот „Александар Македонски“ се отпушени, а од страна на техничките служби во молот преземени се дополнителни превентивни и безбедносни мерки за спречување на случаи од овој тип во иднина.

Центарот е подготвен за своите посетители, а отворањето ќе биде објавено на социјалните мрежи, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Ист Гејт Мол: Поплавата настана поради несоодветна и нефункционална атмосферска канализација на булеварот Александар Македонски

(Видео) Дождот го поплави и Ист Гејт, молот затворен

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Павле Трајанов: Протоколот со Бугарија е контроверзен, да не се потпишува

Редакција

Вучиќ доби втор претседателски мандат, прв српски политичар кој двапати победил во првиот круг

Редакција

Градоначалникот Димитриевски: „Денеска скокна Ламбе, утре ќе скокне народот“

Редакција