еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

(Фото) Ист Гејт Мол: Поплавата настана поради несоодветна и нефункционална атмосферска канализација на булеварот Александар Македонски

Изминатото деноноќие на социјалните мрежи беа објавени различни шпекулации за причините за поплавата во Ист Гејт Мол. Од тоа дека целиот објект не е добро проектиран, дека не се обезбедени безбедносни мерки, па до какви се не други коментари кои не ја отсликуваат вистината, велат од Ист Гејт Мол.

-Една и недвосмислена вистина е дека поплава во Ист Гејт Мол настана поради несоодветна и нефункционална атмосферска канализација на булеварот Александар Македонски. Безбедносните камери од трговскиот центар јасно покажуваат како река од вода како доаѓа од Булеварот, кој ниту има капацитет, ниту услови таа вода да ја апсорбира, и истата се прелева во енормно големи количини во подземните нивоа на центарот.

Ова е проблем кој се повторува веќе неколку пати на истото место, на истиот нефункционален булевар Александар Македонски, поврзан со кружниот тек кај Континентал, кој и понатаму останува нерешен и прави големи проблеми нa блиската околина во услови на поројни дождови.

По големата поплава во 2016 година овие врнежи со силен интензитет и 35мм количество на см2 се втор ваков голем несакан настан во Гази Баба, кој само потврдува дека проблемот со проектираниот капацитет но и одржувањето на атмосферската канализација се уште постои и за жал не е приоритет на агендата на надлежните институции, велат од Ист Гејт Мол.

Од трговскиот центар велат дека Ист Гејт Мол е изграден согласно одобрените услови за градба, утврдени со урбанистичко планската документација.

-Како објект од последна генерација, центарот е проектиран и изведен во согласност со планската документација врз основа на која по завршувањето на градбата е издадено решение за негов технички прием. Врз основа на добиените хидротехнички услови за проектирање на трговскиот центар не е предвидено сценарио во кое атмосферската канализација на околните сообраќајници, вклучувајќи го овде и Булеварот Александар Македонски, не се функционални.

Во овој контекст трговскиот центар уште на датумот на поплавата ја информираше јавноста за причините поради кои истата е настаната. За жал и покрај тоа, во услови на страшна временска непогода трговскиот центар не по своја вина е мета на граѓаните на социјалните мрежи, велат од Молот.

-Трговскиот центар, согласно усвоените документи за безбедност во услови на елементарна непогода брзо ги превзеде сите неопходни мерки најпрво за заштита на посетителите и вработените и успешно го евакуираше центарот без да се загрози нивното здравје и живот што сметаме дека е најважно во услови на елемтарна непогода.

Истата вечер и во текот на вчерашниот ден се вршеше исцрпување на водата и санација на оштетувањата. Искрено се надеваме дека набрзо нашите закупци ќе продолжат со нормална работа, а нашите посетители повторно ќе можат да уживаат во својот центар, вели Игор Давков, извршен директор на Ист Гејт Мол.

Трговскиот центар е инвестиција од над 120 милиони евра, нема неподмирени јавни давачки и претставува место во кое работат 250 закупци и 2.500 вработени, посочуваат од Молот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

И за излез од Македонија ќе Ви треба тест, сертификат за вакцинација или потврда за прележан Ковид-19 во последните 45 дена

Редакција

Следува период на посвежо време, од среда пораст на дневните температури

Редакција

Од Ковид-19 починаа 23 лица, најмногу од Скопје, најмладите на возраст од 47 и 48 години

Редакција