еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Ќе имаме продолжено лето, потопол период и постепено заладување во октомври и ноември

Есента 2022 година се очекуваат просечни температури на воздухот и сушна сезона со врнежи под просекот. Условите Ла Ниња вообичаено носат поле на висок притисок во Атланскиот Океан, што нема да дозволи големи варијации на температурите на воздухот. Според анализите за целиот југоисточен регион на Европа се очекува есенските температури да бидат малку повисоки од просечните.

За територијата на Македонија постои поголема веројатност за мало позитивно отстапување на температурите на воздухот (околу +1°C од просечните).

Ова го соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) согласно прогностичките материјали што ги презема од Европскиот центар за среднорочна прогноза на времето (ECMWF) во Рединг, Виртуелниот центар за климатски промени за Југоисточна Европа (SEEVCCC), како и останатите светски прогностички центри.

– Не се исклучува можноста до крајот на септември да имаме продолжеток на летото, потопол период и постепено заладување во октомври и ноември. Поради Ла Ниња условите можна е појава на студени бранови во доцна есен.

Се пореални се очекувањата дека во есента ќе продолжи трендот на негативни отстапувања во однос на просечните количини на врнежи, како што беше и досега. Се очекува целиот југоисточен регион на Европа да има сушна есен и подпросечна количина на врнежи.

Во Македонија најголемо негативно отстапување на врнежите за оваа сезона се очекува да биде во октомври, посочуваат од УХМР.

Просечна есенска температура на воздухот (септември-октомври-ноември) во период 1981-2010 година се движи во граници од околу 8°C во планинските предели до 16,9°C измерена во Гевгелија, а просечните есенски суми на врнежи се од 127 mm измерени на метеоролошката станица во Штип до 326,6 mm во Лазарополе.

Сезонскиот изглед на времето е научен пристап кој овозможува информации за климатските карактеристики за неколку месеци или сезони однапред. За дополнителни и навремени информации потребно е редовно следење на подеталните краткорочни прогнози, кои редовно и вонредно ги издава Управата за хидрометеоролошки работи, информираат од УХМР.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дизелот поевтинува, цената на бензините останува иста

Редакција

Горивата поевтинуваат од 1,5 до три денари за литар

Редакција

Роднини на настраданите во несреќата кај Ласкарци се сомневаат дека судењето се одолговлекува

Редакција