еМагазин
Image default
Бизнис

Пандемијата со Ковид-19 ја зголеми продажбата на здравствени полиси за пет пати

Бројот на граѓани кои купиле полиси за здравствено осигурување лани се зголемил за пет пати во споредба со 2019 година, покажуваат официјалните агрегатни податоци на Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) за 2020 година.

„Вкупно 114.559 граѓани лани одлучиле да купат полиси за здравствено осигурување и тоа е за 93.161 осигуреник повеќе од претходната година кога полиси за здравствено осигурување имале 21.398 лица.

Во своите полиси за здравствено осигурување лани граѓани вложиле 4,45 милиони евра и тоа е за 44,8 отсто повеќе од бруто полисираната премија (вредност на продадени полиси) во претходната година. Полисите за здравствено осигурување лани го продавале 10 компании за неживотно осигурување.

Влијание врз растот на продажбата на осигурителни полиси за здравствено осигурување лани има пандемијата предизвикана од вирусот Ковид- 19, но и добрите корпоративни практики на се повеќе фирми кои купуваат полиси за здравствено осигурување за своите вработени,“ се вели во соопштението на АСО.

Лани компаниите за неживотно осигурување на своите осигуреници им исплатиле штети во вкупен бруто износ од 1,72 милиони евра врз основ на покритијата од полисите за здравствено осигурување.

Во споредба со 2019 година износот на бруто исплатени штети кои компаниите ги платиле на осигурениците се зголемил за 44 отсто.

АСО апелира до сите потенцијални осигуреници при изборот на осигурително друштво особено да обрнат внимание на ризиците кои се опфатени со осигурувањето и дали, заради актуелниот момент, се покриени ризици предизвикани од пандемии или епидемии.

Фото: Photo by Scott Graham on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Лотарија на Македонија со намалена добивка

Редакција

„Автонова“ го доби тендерот на Општина Битола за набавка на возило вреден 25.000 евра

Редакција

Поради измени во тендерската документација продолжен рокот за понуди на повикот за субвенционирани летови

Редакција