Џибони, синоќа одржа концерт во Скопје во СЦ Јане Сандански.
Журката која ја направи со својот бенд, долго ќе се памети, бидејќи истата беше „зачинета“ и со маестралноста на нашиот Влатко Стефановски.
На концертот, не се знаеше кој повеќе ужива, дали Џибони и бендот на сцена, или публиката, кон која тој потенцира посебна почит.
Не беше вообичаена куртуазија кога кажа дека навистина му е драго што повторно е во Скопје, што за овој град го врзуваат прекрасни спомени, што некои од присутните како бебиња ги држел во рака, а сега се возрасни луѓе од 25 години.
Џибони и публиката, тоа синоќа беше една хармонична испреплетеност, и физичка и ментална, бидејќи помеѓу публиката го почна и го заврши концертот.
Започна со “Цесарица“ од Оливер Драгојевиќ, бидејќи последен пат во Македонија, настапил со него.
А потоа се редеа хитовите, кои оние кои му се обожаватели одлично ги знаат, а за оние кои не го слушаат, бадијала е да се редат.
Џибони во Скопје беше фантастичен, направи концерт кој долго ќе се памети.
Фото: еМагазин