еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Ќе се укине ли амнестијата за хашките предмети?

Комесарката за човекови права на Советот на Европа, Дуња Мијатовиќ, неодамна побара да се укине амнестијата за т.н. хашки предмети: „Водството на ОНА“, „Липковско Езеро“,„Гробница Непроштено“ и „Мавровски работници“.

Од владејачката СДСМ молчат, а од нејзиниот коалционен партнер, ДУИ, кој е директно засегнат со истите, велат дека тоа прашање е затворено.

Павле Трајанов, претседателот на Демократскиот сојуз, пак пред неколку дена, до Уставниот суд поднесе иницијатива за поништување на автентичното толкување на член еден од Законот за амнестијата, со што се запре постапката за овие случаи.

Пред неколку години по автентичното толкување, се запре постапката за овие предмети.

Обвинетите се ослободија од гонење, се запреа кривичните постапки и целосно се ослободија од затворска казна лица за кои постои основано сомнение дека подготвиле или сториле кривични дела поврзани со воениот конфликтот во Македонија во 2001 година.

Ова толкување, како што посочија од Демократскиот сојуз, е спротивно на Уставот и Кривичниот законик, како и Женевските конвенции, со кои е дефинирано дека злосторствата против цивилите не застаруваат.

„Уставниот суд треба да ја прифати иницијативата и да донесе одлука за отстранување на правните пречки за продолжување на постапката по четирите хашки случаи“, смета Трајанов.

Тој смета дека без силна и цврста осуда за злострорствата од минатото не може да градиме мирна и демократска иднина.

Останува да видиме дали Уставен ќе ја прифати инцијативата и ако се случи тоа, како ќе се изјасни по истата.

Фото: Уставен суд

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Мапа) Најмногу заболени на 100 илјади жители има во Кратово и Кавадарци

Редакција

Левица нема да учествува во работната група за уставни измени

Редакција

Две лица на 65 и на 86 години починаа во тетовскиот ковид-центар

Редакција