Физичкото лице Предраг Баришиќ до Уставниот суд поднесе иницијатива за оценување на уставноста на член два (2) и четири (4) од Законот за облигациони односи со кој застаруваат побарувањата на должниците кои се предмет на извршување, пишува pari.mk.
Тој смета дека овие измени се спротивни на Уставот и дека долговите и извршувањето не треба да застарат. Оваа инцијатива доаѓа после 10. јануари, кога Судот имаше седница и донесе одлука да не поведува постапка за оценување на Законот за измена на Законот за облигациони односи и на Законот за извршување.
Баришиќ од Судот побара да утврди дека членот два (2) од Измените на Законот не се уставни и затоа побарувањата да не застаруваат за пет години, а извршувањето за 10 години.
Фото: Унсплеш
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.